Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Дејвид Бекам посети дечиња и мајки заразени од ХИВ во Африка

ФОТО: Дејвид Бекам посети дечиња и мајки заразени од ХИВ во Африка

Како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам отпатува во Свазиленд, Африка, за да посети дечиња и мајки заболени од ХИВ и СИДА.

Десет години откако стана дел од Фондот за деца при Обединетите Нации, Бекам основа специјален проект наречен „7: The David Beckham Unicef Fund“, со цел собирање средства за градење на подобар свет за децата. Дел од тие средства се донирани токму во Свазиленд.

„Многу сум горд што сум во Свазиленд за да видам како парите кои ги собравме преку фондот им помагаат на ранливите деца заболени од ХИВ и сида да останат здрави и безбедни“ – вели 41-годишниот поранешен фудбалер и со своите хумани акции цели да ја подигне свеста и да ги поттикне луѓето да им подадат рака на децата.

Бекам

Познатиот спортист признал дека како татко на 4 деца му било многу тешко и болно да ги гледа децата заболени од ХИВ и сида. „Како татко на четири деца, ми беше тешко да ги слушам нивните приказни за секојдневните предизвици со кои се соочуваат“ – изјавил Бекам.

Многу од децата кои ги запознав, голем дел од нив се на иста возраст со моите деца, изгубиле еден или двајцата родители како последица на сида, а сега самите живеат со ХИВ – додал тој.

Бекам Бекам Бекам

Бекам сподели на Instagram фотографија со момче кое го запозна во Африка.

Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.