Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО/ВИДЕО: Холивудскиот заводник Џони Деп свири на гитара за „Details“

ФОТО/ВИДЕО: Холивудскиот заводник Џони Деп свири на гитара за „Details“

Џони Деп растреперува женски срца и во шестата деценија од животот. Холивудската ѕвезда заведува од страниците на новото издание на „Details“.

Џони Деп

На фотографиите зад кои стои Марк Селиџер, Деп позира во свој стил. Во интервјуто за машкото списание, 51-годишниот актер споделил како гледа на човековото постоење. „За сите нас часовникот отчукува. Важно е дали ќе седиш зјапајќи во часовникот со страв од крајот, што нема смисла, или едноставно ќе живееш“ – вели тој.

Џони Деп

Наскоро во кината ќе започне да се прикажува новиот филм на Деп, „Into the Woods“. За новата улога тој коментира: „Ме восхитува начинот на којшто му пријдовме на Големиот лош волк. Има прекрасен црн хумор.“

Покрај актерството, Деп не ја занемарува музиката. Погледнете го видеото во кое шармантниот актер свири на гитара додека го снима едиторијалот:

Џони ДепДеп во улогата на Големиот Лош Волк во „Into the Woods“ Џони Деп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.