Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Вака изгледа Алиша Кис без шминка

ФОТО: Вака изгледа Алиша Кис без шминка

Алиша Кис реши да ѝ каже збогум на шминката за постерите за својот нов албум. 35-годишната пејачка сними фотосесија без грам шминка и штотуку излезена од фитнес сала.

Кога Кис се вратила од својот тренинг и започнала да се подготвува за фотосесијата за својот нов албум, фотографката Паола Кудаки имала интересен предлог – таа да позира баш како што била во моментот, со природен изглед и без трошка шминка.

Алиша најпрво се двоумела, но потоа прифатила. „Сега? Сега веднаш? Сакам да бидам природна, но ова може да биде премногу природна“ – рекла таа.

Алиша Кис

Во есеј кој Кис неодамна го напиша, таа се отвори и зборуваше за стресот кој го создава музичката индустрија и притисокот секогаш да изгледа „совршена“. „Започнав повеќе отсекогаш да станувам камелеон. Никогаш не бев целосно тоа што сум, туку константно се менував за да бидам прифатена од сите“ – објаснила таа. „Не сакам да се покривам повеќе. Ни моето лице, ни мојот ум, ни мојата душа, ни моите мисли, ни моите соништа, ни моите битки, ни мојот емоционален раст. Ништо! Пред да го започнам мојот нов албум напишав листа со нештата од кои ми е преку глава. И едно од нив беше колку многу жените чувствуваат дека треба да бидат слаби, секси, посакувани или совршени. Исто така, едно од многуте нешта беше константното судење на жените. Константните стереотипи кои прават да мислиме дека нормалната големина не е нормална, или дека да бидеш секси значи да бидеш гола“ – додала познатата музичка ѕвезда.

Алиша Кис Алиша Кис Алиша Кис

Откривањето на својот природен изглед Кис го опишува како најмоќното и најубавото нешто кое го има почувствувано. „Тоа беше најсилното, најмоќното, најслободното и искрено најубавото чувство кое некогаш го имам почувствувано“ – вели Кис.

Таа го покажа својот природен изглед и во фотосесија за списанието „Fault“.

Алиша Кис Алиша Кис Алиша Кис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.