Бритни Спирс заедно со своето ново момче и двата сина го проследи кошаркарскиот натпревар помеѓу Голден Стејт и ЛА Лејкерс.
35-годишната пејачка си разменуваше бакнежи со 23-годишниот Сем Асгари додека седеше во првите редови во салата, па сосем нормално нивното разменување на нежности беше уловено од фотографите.


12-годишниот Шон и 11-годишниот Џејден заинтересирано го следеа натпреварот.







Музичката ѕвезда беше облечена во црно-бела комбинација, за која многумина коментираа дека не е соодветен за пригодата.






