Бијонсе и Џеј Зи ги поведоа со себе двете ќерки на овогодишниот Супер Боул.
42-годишната пејачка и 54-годишниот рапер со Блу Ајви и Руми се забавуваа на популарниот спортски натпревар во американски фудбал. Славниот музички пар беше „уловен“ од камерите додека го следеше настанот, а подоцна Џеј Зи беше фотографиран на теренот со 12-годишната Блу Ајви и 6-годишната Руми.



Поголемата ќерка на Џеј Зи си пресоздаде фотографија од 2020 година, а за нејзиното создавање беше задолжен популарниот рапер.









Џеј Зи и Бијонсе имаат три деца. Братот-близнак на Руми не беше присутен на натпреварот.





