Бијонсе беше меѓу гостите на бајковитата свадба на Серена Вилијамс и Алексис Оханијан.
Музичката дива сподели фотографии од својот стајлинг. За свеченоста на тема „Убавицата и ѕверот“, таа избра краток фустан со преклоп од Александар Воте и блескави сандали.
Мошне впечатлива беше нејзината фризура. Ултра долгата коса беше невозможно да остане незабележана.
Една недела претходно, Бијонсе ја покажа новата надградба на косата, но тогаш прамените ѝ беа во долги плетенки.