Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе веќе си ја врати формата од пред бременоста

ФОТО: Бијонсе веќе си ја врати формата од пред бременоста

Бијонсе се врати во форма. Само 10 недели по породувањето, стомакот на 30-годишната пејачка е целосно рамен, а нејзината силуета наликува на песочен часовник.

Бијонсе

Облечена во тесен фустан на Викторија Бекам, Бијонсе ги воодушеви своите обожаватели со појавувањето на хуманитарен настан во Њујорк, организиран од првата дама на САД, Мишел Обама.

Бијонсе

Очигледно по раѓањето на Блу Ајви, омилена боја на Бијонсе стана сината. Популарната ѕвезда од глава до петици беше во сино, а исто како и при секое нејзино појавување во јавност по породувањето, нејзиниот маникир беше во сина боја. Фустанот од Викторија Бекам Бијонсе го имаше искомбинирано со обувки од Николас Кирквуд и накит од Ланвин.

Бијонсе

Добриот изглед на новата мајка беше повод на интернет повторно да се рашират шпекулациите дека Бијонсе никогаш не ни била трудна и дека нејзината ќеркичка со Џеј-Зи всушност била родена од сурогат-мајка.

Денес Бијонсе го најави и своето враќање на музичката сцена. Таа закажа три концерта кои ќе ги одржи кон крајот на мај во Атлантик Сити.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.