Анџелина Џоли и нејзината ќерка Вивиен минуваат многу време заедно додека со здружени сили работат на промоцијата на новата Бродвеј претстава „The Outsiders“.
48-годишната актерка и режисерка и 15-годишната девојка беа фотографирани во Њујорк кога се упатуваа да завршат некои работни обврски.
Холивудската ѕвезда изгледаше модерно во костум во „камел“ нијанса и бежова блуза, а Вивиен носеше лежерна комбинација со виолетова маичка и сиви панталони.













Џоли ја имаше вработено Вивиен како своја асистентка, додека ја режираше бродвејската претстава „The Outsiders“. Таа се обидува да им создаде работни навики на децата уште од нивните тинејџерски години.
Вивиен е едно од шесте деца кои Анџелина ги има со поранешниот сопруг Бред Пит.