Списанието „Vanity Fair“ има специјална насловна страница со која го одбележува 90-тиот роденден на најпопуларниот монарх.
Фотографијата, на која кралицата Елизабета позира со своите четири сакани кучиња, е дел од фотосесија направена од реномираната фотографка Ени Либовиц.
Во летното издание на списанието се вклучени и нови фотографии од кралицата со сопругот, ќерката Ана и малите правнуци, како и портрети од нејзиното минато.
Одлево надесно: Џејмс, Висконт Северн, Леди Луиза Алис Елизабет Мери Маунтбатен Виндзор, Миа Тиндал, Кралицата Елизабета II, принцезата Шарлот, Савана Филипс, принцот Џорџ и Ајла Филипс  
Кралицата со сопругот, принцот Филип
Кралицата со ќерка си Ана  
		
