Криси Тиген и Џон Леџенд го очекуваат своето трето дете. Парот ја соопшти среќната вест преку музички спот.

На крајот на музичкото видео за „Wild“, Криси и Џон со двете деца Луна и Мајлс се на плажа, а славниот музичар го прегрнува нејзиното стомаче.

Видео

Ова е особено радосна вест за популарната двојка, затоа што долго време се бореше со неплодност. И 4-годишната Луна и 2-годишниот Мајлс се зачнати со ин витро.


По 4-годишна врска, Џон и Криси се верија во декември 2011 година, а стапија во брак во септември 2013 година.



