Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Том Брејди му ја подари капата на момче кое го победи ракот, тоа не можеше да ги задржи солзите

Том Брејди му ја подари капата на момче кое го победи ракот, тоа не можеше да ги задржи солзите

Мало момче кое го победи ракот беше обземено од емоции кога доби капа од омилениот рагби играч Том Брејди.

Овој специјален момент се случи по завршувањето на мечот помеѓу Tampa Bay Buccaneers и Chicago Bears во Тампа.

Имено, за време на мечот, 9-годишниот Ноа држеше знак на кој пишуваше „Том Брејди ми помогна да го победам туморот на мозокот“. Познатиот спортист не остана рамнодушен на пораката која стоеше на транспарентот и одлучи да го израдува силното момче.

Том Брејди и Ноа Том Брејди и Ноа Том Брејди и Ноа Том Брејди и Ноа

„Најсилното дете на светот. Најубавиот дел во сè што имам постигнато, е тоа што можам да им помагам на децата како Ноа. Вие ме инспирирате повеќе од сè“ – напиша Брејди на фотографија од Ноа.

Том Брејди и Ноа

На прес-конференција по натпреварот, Том изјави: „Тоа беше навистина слатко. Очигледно многу силно момче. Тоа го покажува она што го правиме на теренот. На крајот, тоа не значи многу, во споредба со она низ што минуваат многу луѓе. Сите ние се обидуваме да направиме разлика на различни начини.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27538 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.