Ќерката на Дејвид и Викторија Бекам порасна. Слаткото девојче денес наполни седум години.
За да го одбележи овој специјален ден, поранешниот фудбалер сподели неколку фотографии со неговата мала принцеза заедно со слатка порака.
„Што можам да кажам за мојата мала принцеза, освен дека е совршена на секој можен начин. Харпер Севен наполни седум години. Среќен роденден на мојата голема девојка. Ова малечко девојче е премногу сакано од нејзините браќа, мајка и татко. Специјална мала девојка која прави да се смеам секој ден“ – напиша Дејвид во описот.
Погледнете ги најслатките фотографии од дружбите на неодоливото славно дуо низ годините.