Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Таа е неодоливо бебе. Многу е слатка“: 80-годишниот Роберт Де Ниро за 10-месечната ќеркичка Џиа

„Таа е неодоливо бебе. Многу е слатка“: 80-годишниот Роберт Де Ниро за 10-месечната ќеркичка Џиа

Роберт Де Ниро сподели нова фотографија со малата ќеркичка и зборуваше за неа во интервју за People.

Навраќајќи се на 13 важни моменти од неговиот живот, 80-годишниот актер рече дека гледа многу сличности меѓу него и неговата 10-месечна ќерка Џиа, како и неговата 12-годишна ќерка Хелен. Зборувајќи за стара фотографија на која тој има 3-4 години, Роберт рече:

„Ме потсетува на моите најмлади ќеркички. Истото го гледам и во едно од моите внучиња“.

Роберт Де Ниро Роберт Де Ниро Роберт Де Ниро

За новото издание на People, Де Ниро откри како се чувствува кога е во близина на Џиа.

„Таа е неодоливо бебе. Многу е слатка. Кога ќе ја погледнам, сè друго исчезнува. Голема радост е и олеснување само да се биде со неа во тој момент“ – рече тој.

Роберт Де Ниро Роберт Де Ниро

Покрај Џиа, Роберт има уште шест други деца. Неговото најголемо дете има 52 години.

52-годишната Дрена тој ја посвои кога се ожени за Даен Абот, со која го има и 47-годишниот Рафаел. Актерот има две деца, Елиот (25) и Хелен (12), со поранешната сопруга Грејс Хајтауер, а е татко и на 28-годишните близнаци Арон и Џулијан од врската со Туки Смит.

Роберт Де Ниро Роберт Де Ниро

Холивудската ѕвезда вели дека сите тие се пресреќни кога се со бебето Џиа.

„Сите мои деца уживаат со неа. Дури и внуците. Таа им е тетка, а тие наскоро ќе бидат тинејџери“ – сподели Де Ниро.

Тој вели дека омиленото нешто му е да биде заедно со семејството и да патува во топли краеви.

„Фактот дека сите се заедно, ми значи сè“ – вели тој.

Роберт ја доби ќерката Џиа во април минатата година со неговата девојка Тифани Чен.

Тифани со бебето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25640 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.