Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Стареењето не е за плашливци“: Славни дами на возраст 50+ во нова козметичка кампања

„Стареењето не е за плашливци“: Славни дами на возраст 50+ во нова козметичка кампања

Дами кои имаат зад себе животно искуство од најмалку половина век се ѕвезди во новата кампања на L'Oréal Paris.

80-годишната Џејн Фонда, 72-годишната Хелен Мирен, 57-годишната Џулиен Мур, 63-годишната Изабел Аџани, 67-годишната Ирис Бербен и 55-годишната Ванеса Вилијамс позираа заедно за промоција на нови производи на козметичкиот гигант.

Loreal

Коментирајќи го стареењето, Мирен изјавила: „Мораш да бидеш храбар. Кога луѓето велат 'стареењето не е за плашливци', има одредена вистина во тоа.“

Фонда, која изгледа фантастично на прагот на деветтата деценија од животот, дополнила: „Мораш да бидеш храбар и да не се трудиш да изгледаш како што си изгледал порано, туку да се трудиш да изгледаш најдобро што можеш за твојата возраст.“

Смелите и силни жени дефинитивно умеат да стареат гордо и достоинствено.

Loreal

Хелен и Џејн пред неколку месеци дефилираа на ревијата на L'Oréal во Париз.

Loreal Loreal Loreal

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11485 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.