Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Српскиот актер Андрија Милошевиќ ќе стане татко

Српскиот актер Андрија Милошевиќ ќе стане татко

Андрија Милошевиќ има за што да се радува. Српскиот актер го очекува првото дете со неговата долгогодишна девојка Александра Томиќ.

Веста дека 43-годишниот актер од серијата „Андрија и Анџелка“ ќе стане татко ја сподели списанието Блиц.

„Кога дознаа дека ќе станат родители, Андрија и Сандра скокаа од радост. Тоа беше нивна голема желба, која сега им се исполни. Многумина веќе предвидуваат дека ќе бидат грижливи родители, а тоа може да се види кога си играат со децата на нивните пријатели. Сандра одлучи да се повлече од театарот за да се посвети на бременоста. Среќната вест им ја кажаа само на најблиските“ – изјавил извор близок на парот.

Во 2014 година, Андрија отворено призна дека Сандра е остварување на неговите соништа.

„Со Сандра сме заедно година и пол и уживаме во љубовта. Го поминуваме секој слободен момент заедно и се обидуваме најдобро да го искористиме времето помеѓу бројните деловни обврски. Патуваме многу, добро се забавуваме и можам да кажам дека во Сандра најдов сè што барав кај една девојка“ – рекол Андрија за списанието „Hello“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11814 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.