Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ за кратко време ќе станат родители и не кријат дека со нетрпение го очекуваат раѓањето на нивното бебенце.
Популарниот српски актер сподели фотографии на кои се бакнува со бремената девојка, која го покажa трудничкото стомаче во тесна облека.
Ѕвездата од серијата „Андрија и Анџелка“ и неговата избраничка во интервју за списанието „Story“ открија дека очекуваат момче, кое ќе се вика Реља.

„Во ниту еден момент не го криевме полот на бебето, само немавме ни желба ни потреба да ја известуваме јавноста за сите детали. Го очекуваме синот, Реља. Името му го даде еден од моите најдобри другари, Стеван, со кого тргнав во прво одделение уште во 1990 година и до ден-денес сме неразделни, па затоа името кое му го даде на нашиот син е уште поубаво“ – изјавила Александра.