На црвениот тепих Софија Вергара милува да носи тесни креации кои ја потенцираат нејзината фигура, но во секојдневието таа преферира широки фустани и фармерки кои речиси секогаш ги комбинира со високи потпетици.
За време на шопинг во Вест Холивуд, ѕвездата од „Modern Family“ носеше искинати фармерки, бела маичка, чанта од Шанел и сребрени обувки од брендот Loeffler Randall.
45-годишната актерка во изминатиов период беше фокусирана на личниот живот и релаксација со најблиските.