Софија Вергара ги отвори вратите од својот дом за „Architectural Digest“.
51-годишната актерка ни дозволува да ѕирнеме како изгледа нејзиниот луксузен имот во Лос Анџелес преку фотосесијата и видеото кои ги сними за списанието.

Ѕвездата од сериите „Modern Family“ и „Griselda“ поседува огромен плакар за каков што сонува секоја жена, а откри дека во него чува фотографија од младоста на која позира гола.



Видео:
Оваа куќа Вергара ја купи во 2020 година за 26 милиони долари. „Кога ја најдов куќата, беше ужасна. Беше како замок од Трансилванија. Но, кога отидов надвор и ја видов оваа градина, знаев дека сакам да живеам тука“ – призна Вергара.
За преуредувањето на куќата, таа соработувала со дизајнерката Охара














