Софија Вергара има нова љубов.
Откако откри дека пред шест месеци се разведе од Џо Манганиело затоа што не сакала деца, 51-годишната актерка беше фотографирана со новиот партнер во Лос Анџелес. Ѕвездата од „Modern Family“ носеше црн стајлинг додека се упатуваше на љубовен состанок со Џастин Салиман, кој е хирург.








Софија за првпат беше фотографирана на вечера со Џастин во октомври минатата година.
Минатиот јули, Вергара и Манганиело ги шокираа фановите со веста дека се разделуваат по 7 години брак. Пред десетина дена, откри дека причината за разделбата биле несогласувањата околу проширувањето на семејството.
„Мојот брак се распадна затоа што мојот сопруг беше помлад. Тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка.“
„Чувствувам дека не е фер спрема бебето. Го почитувам секој кој го прави, но тоа повеќе не е за мене“ – рекла Вергара за El País.
