Роузи Хантингтон-Вајтли ретко ги покажува своите деца на социјалните мрежи.
Сега, таа сподели фотографии со двете деца направени во градината од нивниот дом по нејзината средба со кралот Чарлс. На нив се гледа дека на крајот од денот, таа е само „обична“ мајка.



Пред два дена, 37-годишниот модел присуствуваше на забава во градината на Бакингемската палата каде се сретна со кралот Чарлс и кралицата Камила.
Убавата манекенка зрачеше со елеганција и софистицираност во бел стајлинг кој вклучуваше фустан од Emilia Wickstead, шапка од Emily-London, салонки од Manolo Blahnik и чантичка од ALAÏA.
„Огромна чест ми беше да присуствувам на забавата на Creative Industries во Бакингемската палата и да се сретнам со кралот Чарлс и кралицата Камила“ – напиша таа во описот на фотографиите.











Роузи е мајка на две деца, 7-годишниот син Џек и 2-годишната ќерка Изабела. Таа започна врска со актерот Џејсон Стејтам во 2010 година, а во 2016 година тие се верија.

