Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Со гените на тато: Меган Маркл сподели фотографии од црвенокосите дечиња на сетот на нејзиното шоу

Со гените на тато: Меган Маркл сподели фотографии од црвенокосите дечиња на сетот на нејзиното шоу

Меган Маркл одвреме-навреме им дозволува на обожавателите да ѕирнат во нејзиниот приватен свет, а токму тоа го направи и сега.

44-годишната сопруга на принцот Хари, која ретко споделува моменти со своите деца, вчера објави неколку фотографии од снимањето на втората сезона на нејзиното кулинарско шоу „With Love, Meghan“. На дел од нив може да се забележат нејзините деца, 7-годишниот Арчи и 4-годишната Лилибет.

Малите „помошници“ очигледно ги носат гените на татко им, затоа што и двајцата имаат црвенкаста коса по која е препознатлив принцот Хари.

Маркл Маркл Маркл Маркл

Покрај фотографиите, Меган сподели и лична порака за атмосферата на сетот, откривајќи колку забавно било додека се снимала втората сезона на шоуто:

„Снимањето на втората сезона од ‘With Love, Meghan’ беше повозбудливо отколку што можете да замислите. Дел од причината зошто атмосферата беше толку жива? Музиката. Додека се менуваа сцените, пуштав песни од мојот телефон и денес сакам да споделам некои од омилените кои постојано се вртеа! Додајте ги на вашата плејлиста и уживајте! Среќен празник на трудот! Работете повеќе, забавувајте се уште повеќе“ – напиша Меган.

Маркл Маркл Маркл Маркл Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28734 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.