Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Смело или вулгарно? Моделот кој се гордее со своите облини во фустан со превисок шлиц на SAG Awards

Смело или вулгарно? Моделот кој се гордее со своите облини во фустан со превисок шлиц на SAG Awards

Искра Лоренс се прослави како модел со облини кој не се плаши да се разголи и го покаже своето тело со сите несовршености. Сепак, мислењата се поделени за нејзиното појавување на црвениот тепих на SAG Awards поради превисокиот шлиц.

Додека некои ѝ изразуваат поддршка и ја поздравуваат за храброста да ја носи црната креација од House of CB на црвениот тепих, други се категорични дека таа изгледа „евтино“ и „вулгарно“, а дека фустанот не е соодветен за таква престижна манифестација.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Пред неколку дена, Лоренс објави две фотографии на кои има различна фигура и опиша дека стремежот кон слабо тело ја правел несреќна. „И двете слики се од мене. Левата е направена пред 10 години, а десната пред нешто помалку од еден месец. Се сеќавам дека бев горда што изгледав толку слаба за време на фотосесијата. А сега, луѓето ме нарекуваат дебела кога сум среќна што сум жива и благодарна за ова тело кое го нарекувам дом. Порано барав одобрување од модниот свет и се обидував да бидам совршена. Си мислев дека ако изгледам како „неа“ (нереалистичен идеал за убавина) дека ќе бидам среќна, успешна и сакана. Но, наидов само на неуспех, празнина и несреќа“ - напиша таа.

A post shared by i s k r a (@iskra) on

Пред неколку месеци, Искра повторно проговори за нејзините почетоци во модната индустрија и притисокот да биде слаба. „Држев екстремни диети поради модната индустрија, бидејќи не можев да се соберам во нивната пробна облека. Си потрошив шест години, казнувајќи се себеси со агресивно вежбање. Си го деформирав телото. Ја пробав секоја луда диета“ – додава таа.

Искра во моментов е дел од модна агенција која ја сака токму онаква каква што е и ја поттикнува да ги следи своите соништа. „Откако се откажав од намерата да се променам, се откажав и од други работи кои одеа заедно – диетите и ограничувањата. Откако се откажав од тоа, храната за мене доби нов вкус“ – вели 27-годишната девојка.

A post shared by i s k r a (@iskra) on

A post shared by i s k r a (@iskra) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11621 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.