Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Слатките близначиња на Енрике Иглесијас и Ана Курникова во навивачки маици за Шпанија и Русија на СП

Слатките близначиња на Енрике Иглесијас и Ана Курникова во навивачки маици за Шпанија и Русија на СП

Во домот на Енрике Иглесијас и Ана Курникова владее навивачки дух додека трае Светското првенство во фудбал, а особено кога се натпреваруваат нивните родни земји.

37-годишната поранешна тенисерка сподели слатки фотографии од нивните мали близначиња додека навиваа за време на мечот помеѓу Русија и Шпанија.

На едната фотографија малите Николас и Луси носат дресови од шпанската репрезентација, родната земја на татко им Енрике, додека на другата, се облечени во маички кои покажуваат дека се навивачи за тимот на Русија, од каде потекнува мајка им Ана.

A post shared by @annakournikova) on

Децата на Енрике и Ана

И претходно Енрике и Ана споделуваа фотографии од следењето на фудбалски натпревари со нивните деца.

A post shared by(@annakournikova) on

Ана и Енрике, кои се во врска 16 години, станаа родители во декември минатата година.

Децата на Енрике и Ана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11564 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.