Пушпика Де Силва беше избрана за Мисис Шри Ланка на церемонијата која се одржа во Коломбо. Непосредно по крунисувањето, настана скандал кој го обиколи светот.
Минатогодишната победничка насилно ѝ ја одзезе круната зашто мислела дека Пушпика е разведена и ѝ ја додели на првата придружничка.
„Има правило кое вели дека треба да бидеш омажена, а не разведена, па јас ги преземам првите чекори со тоа што велам дека круната ѝ припаѓа на првата придружничка“ – вели таа.
Видео:



Правило на изборот за убавина е натпреварувачките да не се разведени. Откако Де Силва докажа дека е разделена од сопругот, но сè уште се во брак, нејзе ѝ беше вратена титулата Мисис Шри Ланка.
Пушпика изјави дека по овој инцидент завршила во болница поради повреди на главата.
Таа позираше со своето мало синче.



