Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Синчето на моделот Аманда Бут стана првото лице со Даунов синдром на насловна страница на „Вог“

Синчето на моделот Аманда Бут стана првото лице со Даунов синдром на насловна страница на „Вог“

Моделот Аманда Бут и нејзиното синче Мика ја разубавија насловната страница на новиот број на Vogue Living Холандија.

3-годишното момче има Даунов синдром и засега е првото лице со ова генетско нарушување кое се појавува на насловна страница на престижното списание.

„‘ВОГ’! Мошне сигурна сум дека Мика е сега првата личност со Даунов синдром на насловна страница на ‘Вог’. Не би можела да бидам погорда од ова. Ви благодарам што ја споделивте нашата приказна!“ – напиша Бут на својот профил на Instagram.

Мика

Во едиторијалот, моделот позираше покрај својот сопруг, но во центарот на топлите фотографии е слаткиот Мика. Таа уште еднаш се отвори за живеењето со Мика и за тоа колкав предизвик е да се расте и воспитува дете со Даунов синдром. Бут шеговито раскажала дека таа и нејзиниот сопруг избегнуваат да прават планови однапред. „Ако немате планови, ништо не може да тргне наопаку. Барем доаѓате до изненадувања, а тоа е многу позабавно“ – вели таа.

Мика

Како доаѓањето на Мика ги променило нивните животи? Бут вели дека промената во стилот на живеење е дефинитивно убава. Брзото живеење веќе не е опција бидејќи таквиот стил го исклучува Мика. Секое семејство во кое има дете со Даунов синдром мора да го усогласи својот чекор со него, но тоа, според неа, не е лошо бидејќи побавното живеење ја зголемува свеста за нештата околу нас.

Мика

Токму бавното, но удобно живеење ги инспирирало уредниците на Vogue Living да го вклучат семејството на Мика во најновото издание. „Американскиот модел Аманда Бут отелотворува начин на совршено живеење. Покрај за љубовта кон нејзиното слатко синче кое има Даунов синдром, Аманда се отвори и за нејзиниот живот, за нејзината прекрасна семејна приказна и дом во ридовите на Лос Анџелес, каде што природата има централно место“ – напишаа тие во објава на Instagram.

Мика

31-годишниот модел е веќе 3 години голем поборник за подигнување на свеста за Дауновиот синдром. По раѓањето на нејзиното синче во 2014 година, таа јавно ја сподели својата емотивна приказна за раѓањето на Мика и моментот кога дознале дека тој има Даунов синдром. Бут смета дека е ужасно тоа што луѓето се сѐ уште многу неинформирани во врска со Дауновиот синдром, а поради тоа владеат стереотипите и ексклузијата. Уште повеќе, шокантен е и огромниот процент на прекинати бремености поради тестирања за Даунов синдром.

Мика

Со цел да се намали бројот на абортуси, но и да се поттикне инклузијата и отвореноста кон овие дечиња, Бут одлучила јавно да споделува моменти од својот живот со Мика за да покаже дека тој е дете кое исто како и сите останати деца се радува на малите нешта, сака љубов и внимание, цртани филмови, игри и кучиња. Профилот на Instagram „Life with Micah“ е посветен на нејзиното слатко синче, а моделот е категоричен кога станува збор за споделување интимни моменти од нивниот живот. „Немам од што да се срамам. Возможно е да се биде млад и среќен дури и ако сте родител на ‘различно’ дете“ – вели Аманда.

A post shared by Micah Quinones (@lifewithmicah) on

A post shared by Micah Quinones (@lifewithmicah) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.