Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион бремена со близнаци на 42 години

Селин Дион бремена со близнаци на 42 години

Канадската пејачка Селин Дион е бремена со близнаци и со тоа нејзината желба да го прошири семејството полека започнува да се остварува.

42-годишната Дион останала бремена по 6-тиот обид за ин-витро оплодување. Таа веќе е во 14-тата недела од бременоста и наредниот месец ќе го дознае полот на близнаците. Оваа вест за списанието People ја потврдил и нејзиниот портпарол Ким Џекверт.

Селин Дион и нејзиниот сопруг РенеСелин Дион и нејзиниот сопруг Рене

„Пресреќни сме“ – изјавил сопругот Рене за People. „Селин само се надева дека ќе има здрава бременост. Таа се надеваше на едно бебе и веста дека ќе имаме две е двоен благослов“.

Неверојатната Дион веќе е мајка на 9-годишниот Рене-Чарлз.

Селин долги години отворено зборуваше за проблемите кои таа и нејзиниот сопруг, 68-годишниот Рене, ги имаа за да остане бремена. Битката на Рене со ракот уште повеќе ги намали нивните шанси за да имаат уште деца. Минатиот декември таа споделила во едно интервју дека ги чека замрзнат ембрион.

Во август минатата година официјално беше потврдена веста дека Селин останала бремена, но за жал оплодувањето тогаш не успеало. Да се надеваме дека овој пат сè ќе биде во најдобар ред и дека наскоро Селин и Рене конечно ќе можат да се радуваат на проширувањето на нивното семејство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.