Селена Гомез честопати низ годините беше мета на различни коментари за нејзиното тело, а сега одлучи да возврати на нив.
31-годишната пејачка сподели папараци фотографии „некогаш и сега“ направени на 10 години растојание на кои таа е облечена во бикини. На фотографијата од 2013 година, Селена напиша:
„Денес сфатив дека никогаш повторно нема да изгледам вака.“

На другата фотографија, Гомез е фотографирана во Мексико минатата година.
„Не сум совршена, но се гордеам со она што сум... Понекогаш заборавам дека е ОК да бидам себеси“ – напиша таа.

Кога имаше само 24 години, на Селена ѝ беше дијагностициран лупус и ѝ беше трансплантиран бубрег дониран од пријателка. Како последица на тоа и на тешките лекарства кои ги прима, телото ѝ се промени, но за жал на интернет започнаа да се редат коментари за нејзиниот изглед.



Гомез отворено призна дека во минатото се чувствувала многу лошо поради она што го читала и гледала на социјалните мрежи, но дека сега научи да се сака себеси.

Во моментов, младата музичарка е во врска со Бени Бланко.
