Селена Гомез беше почестена со титулата Жена на годината од списанието Billboard.
Статуетката ѝ беше врачена од нејзината најдобра пријателка Франсија Раиса, која ѝ донираше бубрег пред неколку месеци и ѝ го спаси животот.
Музичката ѕвезда со солзи во очите одржа краток говор на сцената.
„Да бидам искрена, сметам дека Франсија треба да ја добие оваа награда, бидејќи ми го спаси животот“ – вели Селена во видеото, додека солзи извираат од нејзините очи.

„Искрено, не би можела да бидам поблагодарна за позицијата која ми беше дадена во мојата кариера од 7 до 14 години, па и сега. Сакам луѓето да знаат дека ја почитувам платформата која ја имам, бидејќи знаев дека сакам да бидам дел од нешто прекрасно, сакам луѓето да се чувствуваат прекрасно, бидејќи ги сакам луѓето. Но, конкретно за оваа година сакам да им се заблагодарам на мојот неверојатен тим и на моето семејство, бидејќи беа покрај мене во навистина тешки времиња“ – додава таа.
ВИДЕО





Двете пријателки пристигнаа заедно на розовиот тепих и позираа прегрнати пред фоотрепортерите. Селена својот изглед ѝ го довери на модната куќа Версаче.













