Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селена Гомез се отвори за раскинувањето со The Weeknd и обновувањето на врската со Џастин Бибер

Селена Гомез се отвори за раскинувањето со The Weeknd и обновувањето на врската со Џастин Бибер

Селена Гомез беше избрана за Жена на годината од страна на Billboard, па по тој повод младата пејачка сними фотосесија за угледното списание.

25-годишната музичка ѕвезда со драматична шминка позираше пред објективот на фотографот Рувен Афанадор.

Во интервјуто, Селена се отвори за својот љубовен живот и зборуваше за раскинувањето со The Weeknd и обновувањето на врската со Џастин Бибер.

Селена Гомез

„Нешто со кое многу се гордеам е тоа што постои вистинско пријателсто помеѓу мене и The Weeknd. Навистина, никогаш во животот немав искусено нешто такво. Ние раскинавме како добри пријатели и нашата врска беше главно за охрабрување и грижа еден за друг, што беше навистина извонредно за мене“ – изјави Селена за својот однос со популарниот музичар.

Селена Гомез Селена Гомез

Кога беше прашана за Џастин Бибер, таа одговори: „Имам 25 години, не сум 18, 19 или 20. Ги ценам луѓето кои навистина влијаеле на мојот живот. Можеби порано, ова ќе беше форсирање на нешто кое не е правилно. Но, тоа не значи дека грижата за некоја личност некогаш исчезнува“.

Селена Гомез Селена Гомез

Поради лупус, на Селена пред неколку месеци ѝ беше направена трансплантација на бубрег. Популарната ѕвезда зборуваше и за лузната од операцијата.

„Не се чувствував комфорно, но сега се чувствувам. Беше многу тешко на почетокот. Се сеќавам кога се гледав себеси во огледалото, целосно гола и размислував за нештата за кои се жалев порано и се прашував „Зошто?“. Имав некоја личност во мојот живот долго време, која ги посочуваше сите нешта кои не ги сакав кај мене. А кога ќе го погледнам моето тело сега, гледам само ЖИВОТ“ – изјавила Гомез.

Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.