Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селена Гомез за депресијата и анксиозноста: „Тоа е битка со која ќе се соочувам до крајот на животот“

Селена Гомез за депресијата и анксиозноста: „Тоа е битка со која ќе се соочувам до крајот на животот“

Селена Гомез остави зад себе година полна со здравствени проблеми. Славната пејачка помина низ трансплантација на бубрег како последица на компликации од лупус, а освен тоа, се бореше со депресија и анксиозност.

За најновото издание на Harper’s Bazaar, 25-годишната музичарка и актерка сними мото фотосесија и зборуваше за здравјето, социјалните мрежи и стилот.

Селена Гомез

На прашањето дали очекува 2018 да биде подобра година од претходната, таа одговори: „Ќе речам Да, бидејќи верувам во тоа за себе. Секој што ме познава знае дека ќе започнам со моето здравје и мојата благосостојба. Имав многу проблеми со депресија и анксиозност и бев отворена за тоа, но тоа не е нешто кое чувствувам дека некогаш ќе го надминам. Нема да има ден кога ќе си мислам: ‘Еве сум во убав фустан – победив!’ Мислам дека е битка со која ќе морам да се соочувам до крајот на мојот живот и тоа е ОК, затоа што знам дека се избирам себеси пред сè останато. Ја започнувам годината со таа мисла. Сакам да се погрижам да бидам здрава. Ако тоа е добро, сè друго ќе си дојде на своето место.“

Селена Гомез

Опишувајќи го стилот во приватниот живот, Гомез рече: „Дефинитивно кежуал. Дури и кога не вежбам, изгледам како да одам на вежбање.“

Селена Гомез

Со оглед на тоа што е најпопуларна личност на Instagram, не беше чудно што таа беше прашана за нејзиното гледиште кон оваа мрежа за споделување фотографии. „Имам комплексна врска со Instagram… Toa е неверојатна платформа, но на многу начини им дава на младите луѓе, вклучително и мене, погрешна претстава за тоа што е важно“ – рече таа.

Селена Гомез Селена Гомез

Неколку недели по Нова година, извори блиски до Гомез споделија дека таа по празниците извесно време престојувала во центар за лекување на депресија и анксиозност.

Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.