Најсилната и најзначајната поддршка во животот за секого е семејството. Северина ја имаше покрај себе својата мајка Ана кога беше прогласена за „Пејачка на годината“ на доделувањето на наградите „Zlatni Studio“.
На манифестацијата во Загреб, 51-годишната пејачка изгледаше сексапилно во црн фустан од Версаче. На црвениот тепих, таа позираше со мајка си и ја поздрави во својот говор.

„Сакам да поздравам една личност која е многу важна во мојот живот. Таа помина тежок живот, многу тежок живот. Ме зафркна во стартот, ме учеше дека треба да ги бркам поштеноста и правдата и дека тоа е најважно во животот. Всушност од мали нозе ме зафркна затоа што ме роди. Тоа е мојата мама. Баш ти фала. Оваа награда ја посветувам на мојата мајка и на сите жени кои се борат од 2019 година до ден-денес. Ми испраќаат пораки со многу тешки и тажни приказни. Никој не ги слуша, но јас ќе го посветам својот живот на тоа да не ги оставам. Постојано ми пишуваат ‘Не си сама’, јас сега нив им порачувам ‘Не сте сами’. Оваа награда е и за вас“ – рече Северина.


Во својот говор таа го поздрави и својот син Александар за кој рече дека ја гледа на телевизија. Неодамна, на Северина повторно ѝ беше одземено старателството над детето, кое беше вратено кај неговиот татко. Сега, таа пак ќе води борба за негово враќање.










Фотографии: Screenshot Instagram Jutarnji.hr, Gloria.hr и Северина