Северина Вучковиќ извојува важна победа на специјален ден за неа. Нејзе ѝ беше вратено старателството над синот Александар токму на неговиот 12-ти роденден.
Откако пред 20-тина дена Врховниот суд ѝ го одзеде старателството и синот го врати кај таткото, сега Жупанскиот суд во Сплит ја повтори претходната одлука според која Северина и поранешниот партнер Милан Поповиќ ќе го делат старателството.

„Судот ја потврди својата одлука, односно донесе иста одлука како и првиот пат. Кога врховниот суд ја укина пресудата на Жупанскиот суд, му ја врати на одлучување на Жупанскиот суд, каде одлучија дека детето ќе живее по 14 дена со секој од родителите“ – рекла адвокатката на Северина и додала дека хрватската пејачка посакува да има целосно старателство над Александар.
Пред неколку часа, Северина со фотографии и порака му го честиташе роденденот на Александар.
„Пред 12 години во Сплит падна снег. Заспав во 20 часот, а во 21 часот и 5 минути ме разбуди докторот и ми рече: ‘Северина, време е, одиме во родилната сала’... Во 23:05 часот се роди најубавиот ангел на светот, а јас станав најсреќната жена на светот. Среќен роденден сине“ – напиша Северина во описот.



Бројни се коментарите во кои корисниците на социјалните мрежи ѝ ја честитаат победата во судот на балканската ѕвезда, која вети дека ќе се бори до крај за синот.




Северина и Милан се запознаа во 2010 година на неговата роденденска прослава каде таа беше ангажирана да настапува. Во август 2011 година таа објави дека е бремена, а Александар се роди во февруари следната година.
Пејачката се раздели од српскиот бизнисмен во октомври 2012 година и таа се врати да живее во Загреб. Оттогаш, тие се борат за старателство над синот.