Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сè уште гори кога пее“: Васил Зафирчев импресиониран од концертот на бившата сопруга Калиопи

„Сè уште гори кога пее“: Васил Зафирчев импресиониран од концертот на бившата сопруга Калиопи

Васил Зафирчев и Калиопи Букле негуваат одлични пријателски односи и по разводот.

43-годишниот актер, познат по улогата во „Преспав“, не ги криеше импресиите од концертот на неговата поранешна сопруга.

Васил присуствуваше на музичкиот спектакл кој Калиопи го приреди во Белград, а оттаму двајцата споделија фотографии и видеа. На една од фотографиите, поранешниот брачен пар силно се прегрнува.

„И после 40 години музичка кариера, сѐ уште гори кога пее, како да ѝ е првпат. Затоа, сѐ уште силно блеска како сјајна ѕвезда на музичкото небо. Магична ноќ за паметење и фантастичен концерт синоќа во Белград!“ – напиша македонскиот актер.

Васил Зафирчев и Калиопи Букле

Калиопи и Васил беа во брак од 2004 до 2011 година.

Васил Зафирчев и Калиопи Букле Васил Зафирчев и Калиопи Букле Васил Зафирчев и Калиопи Букле Васил Зафирчев и Калиопи Букле Васил Зафирчев и Калиопи Букле

Фотографии: Instagram – Калиопи, Васил Зафирчев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25640 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.