Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Се претера ли со промовирањето на дебелина? Тес Холидеј главна ѕвезда во списание за здравје

Се претера ли со промовирањето на дебелина? Тес Холидеј главна ѕвезда во списание за здравје

Во модната индустрија денес сè почесто се ангажираат plus-size модели, но дали овој тренд започнува да ги преминува границите?

Тес Холидеј е најкрупниот модел кој веќе неколку години се пробива во модниот свет, а овој месец таа ја доби насловната страница на „Self“, списание кое е посветено на здравје, правилна исхрана, фитнес и убавина.

„Многу сум возбудена. Тотално надреално е да се види дебело тело на насловната страница на списание за здравје. Благодарам 'Self' што ја менувате играта со мене“ – напиша Тес на фотографијата од насловната страница која ја објави на својот профил на Instagram.

„Здравјето на Тес не е ваша работа“ - стои на корицата.

Тес Холидеј Тес Холидеј

Многумина го поддржуваат овој потег на списанието, но бројни се и лицата кои коментираат дека промовирањето на дебелината испраќа погрешна порака.

„Во ред е да не си здрава, тоа е твоја работа, но само немој да го промовираш тоа“, „Ова е одвратно за гледање“, „Ова е толку неодговорно колку што се рекламите за промовирање на пушењето“ – се дел од коментарите за сторијата за Тес на познатото списание.

Тес Холидеј Тес Холидеј Тес Холидеј Тес Холидеј Тес Холидеј

Во интервјуто, Холидеј изјавила дека веќе не се грижи за туѓото мислење и дека другите луѓе не треба да го коментираат нејзиното здравје.

На почетокот велев дека сум здрава, дека холестеролот ми е добар, дека немам висок притисок и немам дијабетес. Со тоа што им кажуваш на луѓето дека одиш на доктор и со тоа што им кажуваш дека си здрава, го поттикнуваш малтретирањето на поголемите тела и размислувањето дека им должиш на луѓето да бидеш здфрава. Реалноста е дека не им должам ништо и дека не морам да докажувам дека сум здрава или не, тоа не е нивна работа“ – рекла Тес во интервјуто. „Одбивам да им докажувам дека сум здрава на луѓе кои не се грижат за мене“ – додала таа.

A post shared by SELF (@selfmagazine) on

„Не можеш да им судиш на луѓето за тоа што тие сами си го прават на своите тела“ – објаснила Тес.

Тес има две деца. За време на втората бременост се засилија коментарите од типот: „Ќе си го убиеш бебето бидејќи си предебела“, „Нема да доживееш да го гледаш твоето дете како расте“ и „Твоето дете ќе биде деформирано“, но Тес тврди дека критиките повеќе не допираат до нејзиното срце.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.