Франка Бателиќ и Ведран Ќорлука ја крунисаа својата љубов со брак. 26-годишната хрватска пејачка и 32-годишниот фудбалер запливаа во брачните води на церемонија во општината Бале во Истарската жупанија.
Парот беше во врска шест години.
Познатата невеста блескаше во венчаница од Каролина Ерера и со широка насмевка ги освојуваше срцата на присутните.
Веселата невеста запеа на вечерната прослава заедно со Тони Цетински, кој беше задолжен за музичкиот дел на свадбата.
Франка, која оваа година ја претставуваше Хрватска на Евровизија, подоцна се пресоблече во фустан од хрватскиот бренд eNVy room.
Колегите на Ќорлука, Лука Модриќ и Иван Перишиќ беа меѓу гостите заедно со своите сопруги.