Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сара Џесика Паркер во едиторијал за Marie Claire: „Јас не сум феминистка“

Сара Џесика Паркер во едиторијал за Marie Claire: „Јас не сум феминистка“

„Marie Claire“ ја покани Сара Џесика Паркер да биде дел од новото издание на списанието. Популарната актерка шармираше пред фото-објективот на Микеланџело Ди Батиста за едиторијалот за кој врвни брендови позајмија свои креации.

На насловната страница, 51-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ со широка насмевка позира во фустан од Гучи.

Сара Џесика Паркер

Во интервјуто за списанието, Паркер зборуваше за феминизмот и своите деца.

„Не сум феминистка. Сметам дека не сум квалификувана. Верувам во жените и верувам во еднаквост, но сметам дека има толку многу нешта кои треба да се направат, што не сакам да ги делам повеќе. Уморна сум од поделба. Само сакам луѓето да бидат третирани еднакво“ – изјавила Паркер.

Сара Џесика Паркер

Паркер додала и дека сака нејзините деца да пораснат во љубопитни личности: „Очајно сакам моите деца да бидат љубопитни. Единствено што сакам е да бидат среќни и љубопитни“ – вели таа.

Сара Џесика Паркер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.