Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски освои прво место на танцов натпревар.
На настанот во Чачак, Србија, слатката Илина ја доби поддршката од своите родители и помалото братче Кирил. Среќното семејство позираше со широки насмевки со медалот и дипломата на 5-годишното девојче.
„Вчера во Чачак. Да ти се множат успесите ќерче, со тебе сме и со гордост ти се радуваме. Браво за преслатките Just Watch Me. Лани децава европски прваци, годинава ако не па и на светско да нè однесете чекаме“ – напиша Мејс на Instagram.






На натпреварот учестуваа тимови од Југоистична Европа.




Лани, Илина и девојчињата од нејзиниот тим станаа европски шампиони во танцување.