Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Самоуверена: Вини Харлоу ги покажа белите дамки на кожата во бикини на плажа

Самоуверена: Вини Харлоу ги покажа белите дамки на кожата во бикини на плажа

Иако имала тешко детство исполнето со навреди и исмејувања за изгледот, Вини Харлоу денес се гордее со своето тело. 23-годишната манекенка со витилиго не ја сокрива здравствената состојба, напротив, таа се труди да ја потенцира нејзината уникатност.

Познатата Канаѓанка ги покажа белите дамки на кожата по бикини на плажа. Црно-белиот костим за капење е од модната куќа Диор.

Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу

„Вистинската разлика не е мојата кожа, туку фактот што јас не ја пронаоѓам мојата убавина во мислењата на другите. Јас сум убава затоа што го знам тоа. Славете ја Вашата уникатна убавина денес (и секој ден)“ – напиша неодамна Вини на Instagram.

Вини Харлоу Вини Харлоу

Харлоу, чие вистинско име е Шантел Браун-Јанг, поседува огромна самодоверба и амбициозност со помош на кои се издигна во модниот свет.

Вини Харлоу Вини Харлоу Вини Харлоу Шантел Браун-Јанг Вини Харлоу Вини Харлоу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.