Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Сакам моите деца да имаат нормален живот“: Блејк Лајвли е нежна убавица за Marie Claire

„Сакам моите деца да имаат нормален живот“: Блејк Лајвли е нежна убавица за Marie Claire

Блејк Лајвли ја краси насловната страница од јулското издание на Marie Claire.

На корицата од познатото американско списание, 28-годишната актерка заведува во креација од модната куќа Alexander McQueen. Лајвли позираше пред објективот на фотографот Боу Грили и во светкав костум од колекцијата есен/зима 2016 на француската дизајнерка Соња Рикел.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Во интервјуто за списанието, Лајвли, која го очекува своето второ дете со Рајан Рејнолдс, откри дека семејството ѝ е најважното нешто во животот и дека сака нејзините деца да имаат нормален живот. „Најважните нешта за мене се на едно место, а тоа е моето семејство. Таму е моето срце. Таму е моето сè“ – вели ѕвездата од филмот „Shallows“.

„Рајан имаше убаво и нормално детство. Сакаме нашите деца да го имаат истиот нормален живот што го имавме ние. Не сакаме да им го одземеме она што ние го имавме, бидејќи така би биле себични“ – објаснила Блејк.

На прашањето зошто се омажила со Рејнолдс, Блејк одговорила: „Знаев дека тој секогаш ќе ми биде најдобар пријател. Тоа беше најважното нешто за мене. Никогаш не сум имала нешто како пријателството кое го имам со него.“

Блејк Лајвли

Видео од снимањето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.