Ријана и Ејсап Роки станаа родители. 34-годишната пејачка се породила минатата седмица и веќе е дома со семејството.
Според информации од странските медиуми, славниот пар доби синче.
„Ријана е добро. Многу се возбудени што се родители. Ријана веќе е прекрасна мајка“ – изјавил извор близок на парот за People.

Популарните музичари соопштија дека очекуваат дете на крајот од јануари.

Ријана и Ејсап Роки започнаа да се состануваат во декември 2020 година.
