Летото е многу силен „втор почеток“ во годината, кога луѓето се повеќе мотивирани да направат промени што ќе траат. Или едноставно да воведат ред во секојдневието. Можеби твојата цел е да воспоставиш ред во твоите лични финансии.
Сега е совршено време да го направиш тоа затоа што имаш моќна алатка за сојузник. За да бидеш финансиски дисциплиниран користи паметни решенија, кои ти помагаат да живееш со помалку обврски и поголема контрола!
Оваа нова реалност ти ја носи новата мБанка од Комерцијална банка, која е повеќе од дигитална алатка. Таа ти дава јасна слика за твоите лични финансии, ти помага да ги планираш твоите финансиски цели и ти носи безгрижност во твоето секојдневие.

Финансиска дисциплина што не те исцрпува
Животот веќе ти е доволно динамичен. Затоа мБанка не бара дополнителен напор туку те следи во твоето секојдневие. Ти овозможува онлајн 24/7 да плаќаш, да префрлаш пари на сметки, да провериш состојба на сметка, кредити, картички и депозити, да го следиш движењето на твоите трансакции во реално време со бесплатни известувања. Со мБанка обврските што бараат време се завршуваат со неколку клика.
Платформа за фокус и стабилност
мБанка е создадена за тие што сакаат фокус без компликации, управување без бирократија и иднина со повеќе финансиска сигурност.
Ако сакаш да штедиш за нешто вредно – прво патување во Азија, школување за детето, сопствен простор, или, едноставно, да живееш без постојано чувство дека нешто финансиски ти бега од контрола, постави си цел за штедење во мБанка. Таа ќе ти помогне да го следиш твојот прогрес, а тој ќе ти помогне полесно да стигнеш до целта.
Кога, пак, ти треба инстант финансиско решение во мБанка имаш Онлајн потрошувачки кредит, за кој е доволно да се идентификуваш со OneID и го добиваш за неколку минути.
мБанка е достапна секогаш кога ти треба. Без непотребни прашања. Со решенија што се во чекор со твоите цели.
Твојата финансиска иднина може да биде појасна и помирна, почнувајќи од овој момент. Симни ја новата мБанка од App Store, Google Play или App Gallery.А, ако досега не си ја користел, дознај како да ја активираш на следниот линк.