Ѕвездите од „Fifty Shades Freed“ присуствуваа на париската премиера на филмот.
Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, кои ги имаат улогите на Анастасија Стил и Кристијан Греј, позираа заедно на црниот тепих. 28-годишната актерка носеше бел фустан од модната куќа Prada додека Џејми беше облечен во комбинација од брендот Tods.
На свеченоста во Градот на светлината и љубовта, Џејми беше придружуван од својата сопруга Амелија Ворнер.
Рита Ора, која ја доби улогата на Миа Греј, се појави во впечатлива бела креација од Стефан Ролан.
Меѓу гостите беше и Лиам Пејн, кој заедно со Рита ја сними песната „For You“ за саундтракот на филмот.