Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рејчел, Моника, Фиби и Џои се збогуваат со Гантер: Ѕвездите од „Пријатели“ со пораки за Џејмс Мајкл Тајлер по неговата смрт

Рејчел, Моника, Фиби и Џои се збогуваат со Гантер: Ѕвездите од „Пријатели“ со пораки за Џејмс Мајкл Тајлер по неговата смрт

Веста за смртта на Џејмс Мајкл Тајлер растажи многумина. Неговите колеги од серијата „Пријатели“ не пропуштија да се збогуваат со него преку пораки на социјалните мрежи.

Џенифер Анистон, кој ја глумеше Рејчел Грин – големата љубов на Гантер, на Instagram напиша: „'Пријатели' немаше да биде истата серија без тебе. Фала ти за смеата која ја внесе во шоуто и во нашите животи. Ќе ни недостигаш“. Таа објави и видео со една од нивните заеднички сцени.

„Големината на благодарност која ја покажуваше секој ден на сетот е истата големина на благодарност која јас ја имам што те познавав. Почивај во мир Џејмс“ – стои во постот на Кортни Кокс (Моника Гелер).

„Многу се смеевме другарче. Ќе ни недостигаш. Почивај во мир, мој пријателе“ – напиша Мет Лебланк (Џои Трибијани).

„Џејмс Мајкл Тајлер, ќе ни недостигаш. Фала ти што беше таму за сите нас“ – се зборовите кои му ги упати Лиса Кудроу (Фиби Буфе).

Џејмс почина на 59-годишна возраст по тригодишна борба со рак на простата.

„Светот го познаваше како седмиот 'пријател' од хит серијата 'Friends', но блиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец за подигнување на свеста за ракот и сакан сопруг. Тој сакаше жива музика, сакаше да навива за Clemson Tigers и често знаеше да оди на забава и непланирани авантури. Ако еднаш сте го запознале, сте добиле доживотен пријател“ - стои во изјавата на неговото семејство.

Во специјалната епизода за обединувањето на актерите од „Пријатели“ оваа година, накратко се појави и Џејмс.

Џејмс Мајкл Тајлер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27539 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.