Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рајан Гослинг доби бакнеж од ќеркичката за време на прошетка во парк со Ева Мендес

Рајан Гослинг доби бакнеж од ќеркичката за време на прошетка во парк со Ева Мендес

Откако изрази разочарување што Академијата за филмски уметности и науки не ги стави Марго Роби и Грета Гервиг меѓу номинираните за Оскар, Рајан Гослинг беше фотографиран во парк со семејството.

43-годишниот актер си доби сладок бакнеж од ќеркичката додека со неа и со саканата Ева Мендес се релаксираше во Санта Барбара.

Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг

Ева, со која тој има две ќерки, деновиве му ја даде на Рајан потребната поддршка по критиките од фановите што ја задржал номинацијата за Остар во категоријата Најдобар актер во споредна улога за „Barbie“.

„Се гордеам со мојот маж. Имаше многу омраза кога ја прифати оваа улога. Многу луѓе го исмејуваа што го прави ова. И покрај целото исмевање #Notmyken и статиите пишувани за него, тој го создаде овој комплетно оригинален, забавен, срцепарателен, сега иконски лик и го одведе сè до Оскарите. Повеќе од горда сум што сум Барби на овој Кен“ – напиша таа.

Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг Рајан Гослинг

Рајан и Ева започнаа да се состануваат во септември 2011 година. Нивните ќерки се родија во 2014 и 2016 година.

Ева Мендес и Рајан Гослинг си ќерките Рајан Гослинг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.