Џоан Колинс плени и во десеттата деценија од животот. 90-годишната актерка во префинет стајлинг се појави на настан во Беверли Хилс.
Ѕвездата од серијата „Династија“ носеше цветна креација, која ја надополни со елегантно розово сако. Колинс откри дека самата го дизајнирала својот изглед за оваа пригода.
„Јас ја дизајнирав мојата облека и ја избрав ткаенината – италијанска свила со цветен принт, а истата ја изработи мојата прекрасна кројачка Жаклин Палмер. Блескавиот дијамантски и бисерен накит е од австралиската дизајнерка Марго Меккинли“ – рекла таа за Hello.

Колинс го организираше овој настан во чест на работата на добротворната организација „The Prince's Trust“. Таа позираше со 59-годишниот сопруг Перси Гибсон и со актерот Пирс Броснан.




