Џенифер Лопез изгледаше неверојатно на премиерата на нејзиниот филм во Лос Анџелес.
На проекцијата на мјузиклот „This Is Me… Now: A Love Story“, 54-годишната пејачка и актерка шармираше во црна креација со хороскопските знаци од колекцијата висока мода за сезоната есен/зима 2022 на Зухаир Мурад. Својот изглед, таа го надополни со дијамантски обетки и дијамантски прстен.
Лопез беше придружувана од сопругот Бен Афлек со кого си разменија бакнеж додека позираа пред фоторепортерите.







„This Is Me… Now: A Love Story“ е приказна за потрагата по вистинската љубов на Лопез, раскажана и одиграна од самата неа. За снимањето на филмот, се смета дека таа издвоила 20 милиони долари од својот буџет.






Џенифер и Бен ја обновија романсата речиси 20 години по откажувањето на нивната венчавка во 2003 година. Тие стапија во брак во 2022 година.
