Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пред да стане славна: Фотографии од Анџелина Џоли на 15 години

Пред да стане славна: Фотографии од Анџелина Џоли на 15 години

Кога имала 15 години, Анџелина Џоли снимила фотосесија со познатиот фотограф Хари Ленгдон, кој има работено со некои од најголемите ѕвезди во Холивуд.

Во тоа време Џоли била позната само како ќерката на Џон Војт. „Кога ќе добиеме повик за да фотографираме роднина на познат актер, во случајов Џон Војт, првата мисла е: ОК, еве нè пак. Да се надеваме дека знае што прави, а ние ќе дадеме сè од себе... На крајот испадна убаво изненадување“ – рекол Ленгдон за фотосесијата со Џоли која се случила во јануари 1991 година.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Во интервју за CNN, славниот фотограф изјавил дека бил изненаден од самодовербата на Џоли и признал дека за време на снимањето не ја знаел нејзината возраст.

Ваквите фотосесии се многу чести во Холивуд. Фотографите ги прават со надеж дека личноста пред објективот еден ден ќе стане славна и фотографиите ќе достигнат висока вредност.

Кариерата на Џоли доживеа огромен напредок во 2000 година, кога таа доби Оскар за Најдобра споредна улога во „Girl, Interrupted“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.