Џорџина Рoдригез и Кристијано Рoналдо ја покажаа својата ќеркичка. Шпанскиот модел заедно со новородената Алана Мартина позираше за најновото издание на Hola.
Досега е објавена само една слатка фотографија од двете важни дами на Роналдо.


Родригез се породи на 12 ноември, а Роналдо не пропушти да ја сподели среќната вест со своите обожаватели преку фотографија од болницата.
Џорџина и во бременоста сними фотосесија за популарното списание.

Алана Мартина е четврто дете на Кристијано, која има 7-годишен син, а пред неколку месеци ги доби и близначињата Ева и Матео.