Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина пејачката на The Cranberries на 46-годишна возраст

Почина пејачката на The Cranberries на 46-годишна возраст

Тажна вест за обожавателите на The Cranberries. Долорес О’Риордан почина на 46 години. Причината за смртта засега не е откриена пред јавноста.

Долорес

Според соопштението на нејзината претставничка, славната пејачка издишала за последен пат во Лондон, каде снимала нова музика.

Талентираната музичарка и нејзиниот поранешен сопруг Дон Бартон се родители на три деца.

Долорес

И покрај тешкото детство и борбата со ментални болести и нарушување во исхраната, Долорес постигна огромен успех. Пред неколку години, таа отворено проговори дека била сексуално злоупотребувана како дете и дека тоа оставило непоправливи штети врз нејзиното психичко здравје.

Долорес

Љубителите на музиката вечно ќе ги асоцираат хитовите „Zombie“, „Linger“, „Promises“, „Salvation“, „No Need to Argue“ и „Free to Decide“ со препознатливиот глас на Долорес.

Linger

Zombie

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.