Џин Хекман и Бетси Аракава беа пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико.
Безживотните тела на 95-годишниот актер, неговата 63-годишна сопруга и нивното куче беа пронајдени во средата наутро. Сè уште не е позната причината за смртта на легендарниот глумец, кој има освоено два Оскари во својата богата кариера. Шерифот на округот Санта Фе изјави дека во моментов се води истрага, но дека нема сомнежи за кривично дело.

Џин и Бетси беа во брак од 1991 година. Тој наполни 95 години во јануари, а нема глумено во филм од 2004 година.


Хекман се прослави по улогата во филмот „Bonnie and Clyde“ во 1967 година. Тој беше дел од многу познати филмови како „Supermen“, „The French Connection“, „I Never Sang for My Father“, „Unforgiven“, „Mississippi Burning“, „Enemy of the StateBehind“, „Enemy Lines“, „Runaway Jury“ и многу други.









Џин имаше еден син и две ќерки од првиот брак.




